26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтивен Сигал амбасадор на новата криптовалута "Bitcoiin2Gen"

Стивен Сигал амбасадор на новата криптовалута “Bitcoiin2Gen”

Уште една позната личност се приклучи кон сеопштата фама околу крипто пазарот и неговата маркетинг машинерија.

Овој пат станува збор за некогаш популарниот актер, Стивен Сигал, кој на својот Твитер профил објави дека стана официјален амбасадор на сосема нова алтернативна криптовалута позната како Bitcoiin2Gen (B2G).

Се работи за криптовалута која го покренува своето ICO или Initial Coin Offering, со цел да им се дозволи на потенцијалните купувачи да инвестираат во оваа криптовалута пред официјалното лансирање, а и ќе помогнат во нејзиниот понатамошен развој.

B2G криптовалутата не се истакнува по ништо посебно, наводно е побрза и побезбедна од биткоинот. Во официјалното соопштение, Сигал беше прикажан како “будистички зен учител и исцелител” во мир сам со себе кој инспирира други луѓе, што е целта што сака да ја постигне и новата B2G криптовалута.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП