26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со повици од страна на нејзините инвеститори да направи поделба на акциите и да ја прошири својата база од акционери, бидејќи светскиот успех на конзолата „Switch“ ја обнови загриженоста за корпоративно управување на јапонската група, пишува „Financial Times“.

Притисокот се зголеми откако цената на акциите се искачи до над 40.000 јени – речиси 10-годишен максимум, кој ги остава надвор од опсегот средните инвеститори поради минималниот лимит за трговија со 100 акции.

Инвеститорите кои бараат поделба на акциите, тврдат дека поголемата база од акционери ќе ја нагласи посветеноста кон поголема транспарентност. Аналитичарот на „Macquarie“, Дејвид Гибсон го опишува потегот како „добар прв чекор“.

„Nintendo“, најбогата јапонска компанија, поседува околу 1.000 милијарди јени (9.4 милијарди долари) готовински резерви. Продаде повеќе од 12 милиони единици од својата „Switch“ конзола, откако беше објавена минатиот март.

Успехот на единицата се случи по разочарувачките претставување на претходната конзола на компанијата „Wii U“. Благодарение на добрите резултати на „Switch“, компанијата ја зголеми прогнозата за годишната добивка. Сето ова беше добар потсетник за потенцијалот на „Nintendo“ да изненади.

Во последната година акциите на компанијата речиси двојно ја зголемија својата вредност што не даде особени причини на инвеститорите да се жалат за структурата на одборот на директори или за нејзниот односот кон откривањето на информации.

Од друга страна, „Nintendo“ често е наведена од страна на многу инвеститори како добар пример за компанија чиј неверојатен успех се случил и покрај реформите во управувањето. Воведувањето на тројца надворешни членови во одборот на директори не успеа да ги импресионира критичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП