26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да изградите мрежа на соработници?

Како да изградите мрежа на соработници?

Шаци Висрам е жена претприемач која успешно се занимава со бизнис од органски производи. Подолу во текстот, таа дава совети како да развиете мрежа на соработници и кои се придобивките од истите.

Секој успешен бизнис има мрежа од соработници во позадина кои помагаат во бизнис операциите. Соработките се од голема важност да ви помогнат да ја раскажете вашата бренд приказна, без притоа да го минувате потешкиот пат. Погледнете ги следните три причини за развој на мрежа од соработници за поддршка на вашиот бизнис:

1. Соработките ви помагаат во истражување на вашиот бизнис

Соработниците кои се комплементарни во вашето поле на делување, можат да ви помогнат оптимално да ја формулирате вашата идеа. На пример во компанија која се занимава со здрава исхрана, соработниците можат да ви помогнат. Компаниите кои ви се добавувачи (нутриционисти, педијатри – ако имате детски производи) да ви помогнат да ги едуцирате вашите конзументи и да ви помогнат во креирање на здрави и иновативни рецепти.

2. Соработниците ви овозможуваат да запознаете повеќе луѓе со повеќе искуство во сродни индустрии

Вие можете (и треба) да извлечете и добро и лошо искуство. Стремете се да го постигнете она што другите организации го прават најдобро. Учете од нивните грешки, и потрудете се вие да не ги направите истите.

3. Соработниците ви овозможуваат да имате пристап и до нивната мрежа на соработници

Вашите соработници, често комуницираат со исти конзументи како и вие, но тие не ви се конкуренција во просторот. Во тој случај конзументите се здобиваат со искуство со вашиот бренд.

Соработник е интересен термин – која дава конотација на двострана врска, како и секое пријателство, фамилијарни врски и тн. Во бизнисот, со соработниците градите двострана врска: добивате помош кога ви е потребна, и помагате кога на соработниците им е потребна помош. Не заборавајте дека се работи за двострана улица! Врските – помеѓу луѓето и компаниите – се од голема важност. Никогаш не знаете какви можности можат да произлезат од цврстите соработки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП