Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.50 -1.16%    KMB 3,397.19 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

Tip of the week: Кога не иде, не иде…

Време: 12:31

Датум: јануари 25, 2018

Категорија: КОЛУМНИ

Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата. Во бизнисот има такви безброј примери, каде што менаџерите едноставно веруваат во идејата и продолжуваат понатака и понатака, како што велат старите, „со глава низ ѕид“.

И јас сум бил во иста таква ситуација и секогаш сум си го поставувал прашањето: дали навистина направив сè што е во моја моќ или има уште нешто да се направи? Но ова прашање, потегнува една цела низа други прашања кои треба да се одговорат, за да може да се каже дали треба да се продолжи со „глава низ ѕид” или сепак треба да се прекине со понатамошни активности!

  • Навистина работите не биле добро направени или биле само одложени затоа што сте мислеле дека нема да бидат добро направени?!
  • Сте ги извршувале работите колку само да бидат направени или навистина сте се потрудиле да бидат добро направени?
  • Колку време поминавте во подготовка?
  • Фокусирани сте на што е направено лошо или на она што е направено добро?
  • Зошто се направени грешките и каде сте можеле да бидете подобри?
  • Дали е до вас или е до другиот/другите (тимот, партнерот/те, соработниците…)? Еј, само немојте веднаш – другиот е крив, тоа е најлесно…

Да се завршат работите најдобро што може е секогаш главна цел. Се разбира, да се развие и да се развива бизнисот е дефинитивна цел. Да се остане здрав и ментално и физички е суштинската цел.

Не е лесно да се откажете, ако навистина верувате дека работата ќе успее, но некогаш можеби е време да кажете, кога не иде, не иде! Време е да прекинам и да почнам нешто друго!

 

Со успех во промените

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше: Пред да зборуваш, размисли… Дали е вистина?! Дали е од помош?! Дали е инспиративно?! Дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш. Но, не оди тоа баш така. Да, може нешто да се случи…

  • КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    Почитувани читатели на Денар.мк би сакал да ве известам дека завршувам еден циклус од 10-тина колумни. Се надевам дека ви беа интересни или во најмала…

  • Tip of the week: Нова година

    Tip of the week: Нова година

    Пред некоја година,  во еден весник имаше изјави од повеќе луѓе за тоа кои се нашите прогнози околу економските случувања за следната година. Меѓу другите…

  • Tip of the week: 24 часа до успехот

    Tip of the week: 24 часа до успехот

    Феноменот “последен ден” е многу интересен. Нема уште многу време! Дали ќе успеете или не, зависи до каде сте со остварувањето на целите. Еве, на…

  • КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    Не, не го отворајте пенџерчето, прозорецот, балконската врата, не излегувајте од дома и така нема да дишете штетни ПМ честички. И проблемот е решен. Луѓе…

  • Tip of the week: Пауза!

    Tip of the week: Пауза!

    Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека „немаме време”?!…

  • КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    Во една од претходните колумни кога пишував за кредитниот мораториум, пишував и за така нареченото стручно тело кое треба да биде еден вид предстечаен управник…