26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина увезе рекордна количина на течен гас во 2017-та

Кина увезе рекордна количина на течен гас во 2017-та

Во 2017-та година Кина увезе рекордни 38,13 милиони тони течен природен гас, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на податоци на царинските власти во земјата. Споредено со 2016-та година, стапката на раст е 46%, а Кина веќе ја замени Јужна Кореја како втор најголем увозник на ТНГ во светот.

На првото место во ова рангирање е Јапонија.

Овој рекорд е поттикнат од растот на побарувачката во последниве месеци. Во декември Кина увезе 5,03 милиони тони течен гас и така беше подобрен претходниот месечен рекорд забележан во ноември.

На месечна основа, увозот на течен гас во декември се зголеми за 24%, а во декември 2016-та година растот изнесуваше над 35%.

Пекинг почна да се насочува кон чисти извори на енергија, во обид да го реши проблемот со загадениот воздух во земјата. Плановите се милиони домаќинства да се префрлат на природен гас за греење и индустријата да почне да користи гас за енергија. Ова ќе ја намали потрошувачката на јаглен во земјата.

Најголеми добавувачи на гас во Кина се Норвешка, Ангола и Нигерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП