26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏеф Безос со рекордно богатство

Џеф Безос со рекордно богатство

Во ноември, Џеф Безос стана вториот човек во историјата со богатство од над 100 милијарди долари. Првиот што го постигна ова беше Бил Гејтс во 1999-та година.

Сепак, основачот на „Amazon“ започна многу силно во 2018-та година, според „Bloomberg“, кој веќе поседува 111 милијарди долари, што е нов рекорд за богатството на Безос.

Само до почетокот на 2018-та година тој заработил 12,5 милијарди долари, што е за 5 милијарди повеќе од Ворен Бафет.

Акциите на „Amazon“ вчера се зголемија за 2,53 проценти на 1327,31 долари, додавајќи 2,58 милијарди долари кон богатството на Безос.

Второто место меѓу најбогатите луѓе во светот, според најновите податоци, го држи Бил Гејтс. Коосновачот на „Microsoft“ има 94,5 милијарди долари, додека Ворен Бафет е трет со 92,8 милијарди долари.

Следи Амансио Ортега, кој е најбогат европеец со 76,7 милијарди долари и 300 милиони долари повеќе пред Марк Цукерберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП