19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФирмите и физичките лица кои лани заработиле над милион денари ќе плаќаат...

Фирмите и физичките лица кои лани заработиле над милион денари ќе плаќаат ДДВ, ветувањата за зголемување на прагот останува за понатаму

Физичките лица, кои лани заработиле над милион денари вршејќи стопанска дејност имаа обврска до 15 јануари  да се пријават во Управата за јавни приходи и да се регистрираат како даночни обврзници за да плаќаат ДДВ.

Според Управата за јавни приходи лицата кои оствариле приходи остварени врз основа на вршење стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и слично повисоки од 16.200 евра имаа обврска до 15-ти јануари да се регистрираат како ДДВ обврзаник.

СДСМ во предизборните циклуси ветуваше дека ќе го зголеми прагот на 2 милиони денари со што ќе ги ослободи малите фирми и граѓаните од новите давачки за ДДВ кои го наметнаа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го намалија прагот на 1 милион денари.

„Владата предводена од СДСМ ја разгледува можноста за промена на Законот за Данок на додадена вредност во насока на зголемување на прагот за станување на ДДВ обврзник. Уште една пласирана лага е информацијата дека станува збор за двојно оданочување. Данокот на додадена вредност се плаќа на додадена вредност, додека персоналниот данок на доход се плаќа за остварен личен доход, што значи дека и физичките лица ќе имаат право на поврат на ДДВ исто како што имаат и правните лица. Како самостојна дејност што ја предвидува законот не се смета дејноста на вработените кои по тој основ примаат плата, односно ако за тој приход се плаќаат придонеси за социјално осигурување, тој приход не подлежи на оданочување со ДДВ”, велат од СДСМ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП