26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВилата IL Siciliano - пример за екстравагантност (фото)

Вилата IL Siciliano – пример за екстравагантност (фото)

Со своите девет спални соби со неверојатен поглед на море, вилата IL Siciliano е многу моќна и елегантна…

Ова е инспиративно место за бегство од гужвите и реалноста. Се наоѓа на источниот брег на Сицилија, во бујна долина, а секако, ви нуди вам високо ниво на приватност и уживање.

Прекрасниот пат меѓу лимоновите дрва ви го отвора патот кон главниот влез. Од далечина вилата изгледа многу импозантно со своите високи ѕидови, прекрасните прозорци кои подсетуваат на неокласичниот стил, а тука е и големиот балкон, совршен за релаксирање.

Ова е место каде се соединуваат минатото и иднината. Внатрешната градина е дом на современата спална соба, а балконот на другиот кат има авангардни детали од стакло.

Асоцијацијата старо-ново може да биде забележана и внатре во вилата. Некои од ентериерите претставуваат шармантен контраст на зачуваните, стари ѕидови и модерниот мебел. Дали ви се допаѓа овој микс?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП