26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтолтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека ова е негова прва посета на земјава и дека имал конструктивни средби со политичките актери за иднината на земјата.

„Привилегија беше да се обратам во собранието, по настаните лани. Но, отогаш вашата земја направи прогрес за поголема стабилност. За вашата посветеност НАТО ќе продолжи да ве поддржува. Благодарност за мисијата во Aвганистан. Од суштинска важност е решавање на спорот со името. Исто така и реформите. Тешко е, но може да се направи. Потребна е конструктивност од сите партии. Ве охрабрувам да продолжите со реформите. Сакаме да успеете. Вратите на НАТО остануваат отворени. Ги поддржуваме вашите евро-атлантски аспирации. Очекувам да продолжите со реформите, се движите во вистинска насока. Нема начин да се влезе во НАТО без решение на проблемот со името. Нема план Б. Мислам дека е важно да се биде амбициозен, но важно е и да се биде реален. Во НАТО се одлучува по консензус. Не е работа на НАТО да го реши името“, рече Столтенберг.

„Оваа посета е клучна и се надевам дека 2018 ќе биде историска за Република Македонија и регионот. Ние сме подготвени да работиме заедно. Посветени сме на имплементација на реформите за владеење на правото. Убедени сме дека Македонија ги заслужува евро-атлантските перспективи. Го уверив генералниот секретар на НАТО  дека ќе даваме поддршка на понатамошните мисии на Алијансата за стабилност. Силно сме посветени на реформите за демократија. Искрено очекуваме да бидеме 30. членка на НАТО“, истакна премиерот Заев на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП