26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНезаборавно уживање на островот Ламу (фото)

Незаборавно уживање на островот Ламу (фото)

„Red Pepper House“ е место каде што елеганцијата и стилот на колонијалната ера се спојуваат со шармантното наследство на Свахили културата…

Сместено е на живописниот остров Ламу, кој е по заштита на УНЕСКО, благодарени на своето историско значење. „Red Pepper House“ е одморалиште кое се состои од пет нибаси, односно куќи, кои се незабележливо интегрирани во околината и на своите посетители им нудат величествен поглед кон океанот.

Градежните материјали и техники, како и целиот мебел, декорациите и уметничките дела, совршено го прикажуваат уникатниот микс на Свахили културата и колонијалното влијание, во атмосфера на современиот луксуз.

Покрај совршениот ресторан и барот, гостите имаат прилика да уживаат и во базените, просториите за релаксација во шума и на плажа, како и библиотеката во која се наоѓаат и најновите магазини, книги и игри.

Овој резорт исто така има и многу други активности во кои можете да уживате, како гледалиште за птици, можност за нуркање, риболов, часови за Свахили готвење, или прекрасна тура низ околината и прекрасната природа. Вашиот одмор во одморалиштето „Red Pepper House“ ќе биде удобен и пријатен, а нормално и уникатен и незаборавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП