26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus го претстави концептот LX-1 (фото+видео)

Lexus го претстави концептот LX-1 (фото+видео)

Компанијата „Lexus“ на саемот за автомобили во Детроит го претстави концептот „Lexus LF-1“ со кој го најавува новиот главен модел.

„LF-1“ би требало да се најде во врвот на понудата над моменталниот модел „LX“, a како главен ривал на идниот „Road Rover“ кој ќе пристигне на пазарот следната година, т.е. кросовер солуциите на германските премиум брендови „BMW“ и „Mercedes“.

Oвој концепт се карактеризира со типичен дизајн на „Lexus“ со масивна предна маска која се спушта до најниската точка на автомобилот.

Tука се и „LED“ светлосните групи, големите алуминиумски бандажи од 22 инчи, стаклениот панорамски покрив, што се однесува до екстериерот, а елегантен панел на вратите, минималистичка инструмент табла со шестоаголна форма со дигитален екран и „4D“ сателитска навигација во ентериерот.

Од „Lexus“ најавуваат широк спектар на погонски единици, од конвенционалните бензински и дизел мотори, преку хибриди и горивни ќелии, до целосно електричен агрегат.

Концептот „LF-1“ има и систем за автоматско возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП