26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛажица мед дневно - мерка за здравје

Лажица мед дневно – мерка за здравје

Медот содржи различни количини на полифенол, антиоксиданс за кој се смета дека штити од срцеви, но и други болести, покажуваат истражувањата.

Дека една лажица мед дневно внесена со вода, чај или јаболков оцет ја зајакнува природната одбрана на органзмот, одамна е познато. Но, малкумина знаат дека една лажица е вистинската мерка.

Токму оваа количина пчелен производ го зголемува нивото на антиоксиданси, важни во борбата против бројни болести. Медот содржи различни количини на полифенол, антиоксиданс за кој се смета дека штити од срцеви, но и други болести, покажуваат истражувањата.

Истовремено, оваа количина е доволна за да ја задоволи потребата за слатки, што е многу важно за сите оние кои јадат многу слатки. Оваа количина, исто така нема да влијае на вашата линија.

Пресметано е дека љубителите на слaтки годишно јадат во просек околу 75 кг посластици. За нивното здравје би било добро барем дел од тоа да го заменат со мед, порачуваат експерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП