8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез струја утре ќе останат дел од корисниците во повеќе скопски населби...

Без струја утре ќе останат дел од корисниците во повеќе скопски населби и села

Регионалниот центар за управување со кризи извести дека утре, 12 декември, без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски населби.

Во периодот од 8:30 до 10 часот без струја ќе останат корисниците од бул. Македонска косовска бригада лоцирани кај објектот на Пекабеско, како и корисниците од бул. Македонска косовска бригада – подулица 44.

Во периодот од 9 до 11 часот дел од корисниците од ул. Македонија – објектот на Макошпед и делот кај „Мекиците на Стража“, како и дел од корисниците од ул. Димитрие Чупоски – кај бурекчилницата „Рекорд“.

Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од селата Мирковци, Кучевиште, Малино, Брст, Танушевци, Побожје и Бродец.

Во периодот од 9.00 до 15.00 часот корисниците од ул. 22 лоцирани позади „Жито маркет“, делот околу поштата и делот околу општина Петровец и во периодот од 10 до 12 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев – подулици бр.16а и бр.25.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП