27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамалете го холестеролот со црвен грејпфрут

Намалете го холестеролот со црвен грејпфрут

Консумирањето на само еден грејпфрут дневно е исклучително корисно во спречувањето на развојот на кардиоваскуларни заболувања.

Дали сте знаеле дека под дебелата кора на црвениот грејпфрут се крие вистинска ризница за здравјето? Консумирањето на само еден грејпфрут дневно е исклучително корисно во спречувањето на развојот на кардиоваскуларни заболувања, установија научниците од Израел, по истражувањето на група пациенти заболени од срцеви болести. Истовремено тие успеале да го регулираат и високиот холестерол.

„Интересно е што нивниот организам претходно не реагирал на лековите за намалување на холестеролот на база на статин, но по консумирањето на црвениот грејпфрут нивото на холестерол се намалило, “изјави Шила Горинштајн, раководител на истражувачкиот тим од Унверзитетот во Ерусалим.

Друго истражување покажало дека консумирањето на црвен грејпфрут го намалува нивото на масти во крвта, а особено нивото на триглицеридите, што не е случај кога се внесува жолтиот плод од ова овошје.

Научниците веруваат дека за ваквите резултати се одговорни антиоксидантите со кои црвениот грејпфрут е пребогат, но претпоставуваат дека ова овошје содржи уште некои засега непознати хемиски состојки, кои влијаат на намалувањето на триглицеридите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП