26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските работодавци отворија солидни 190.000 работни места

Американските работодавци отворија солидни 190.000 работни места

Американските работодавци во месец ноември отворија солидни 190.000 работни места, покажуваат податоците на приватната агенција за вработување ADP.

Таквиот раст на вработувањето следеше силниот раст во октомври, кога беа отворени 235.000 работни места, пренесува агенцијата АП.

Во преработувачкиот сектор во ноември се отворени најмногу работни места, дури 40.000, што е најголем раст во оваа година, додека во секторот за здравствена заштита се отворени 31.000 позиции, а во рестораните и хотелите се ангажирани 25.000 лица.

Растот на вработувањата, според неговите зборови, би требало да ја намали стапката на невработеност, која во моментов е на 17-годишен минумум од 4,1 проценти.

„Стапката на невработеност би можела да падне под 4,0 проценти до крајот на 2018 година, што е близу 50-годишниот минимум“, велат економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП