26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДали ова е најдобрата вила која некогаш сте ја виделе? (фото)

Дали ова е најдобрата вила која некогаш сте ја виделе? (фото)

Во потрага сте по нов луксузен имот кој би сакале да го наречете свој дом?

Па, во тој случај токму денес имате среќа, бидејќи овој беспрекорен имот со медитерански стил се најде на пазарот за недвижнини, а познат е под името Casa Bell. Се наоѓа во затворената еклава Princeton Estates на Флорида. Спректакуларната двокатна резиденција е опкружена со палми, мермерни подови и камени столбови кои ќе ве наведат практично на прв поглед да се заљубите во неа.

Базенот кој се наоѓа во нејзиниот заден двор, со водоотпорен и подводен звучен систем ја прави уште попривлечна. Исто така, мораме да го споменеме делот од вилата и винската соба со доволно место за 1,500 шишиња, формалната дневна соба и домашната канцеларија со поглед на базен. Искусните гурмани ќе ја ценат врвно опремената кујна, која содржи Sub-Zero, Mielle I Wolf апарати.

Елегентна и екстремно убава, оваа вила ќе ве убеди да го прескокнете излегувањето и да останете дома. Таа содржи девет спални соби и исто толку бањи, кои се прекрасно декорирани со помош на само најдобрите и најквалитетни материјали и завршни детали. Вратата од махагони, мермерното фоаје, прекрасните кружни скалила и импозантните столбови креираат грандиозен влезен дел и придонесуваат да бидете уште повеќе воодушевени.

Сепак, слободно можеме да претпоставиме дека приватното кино со единаесет места ќе биде нешто како шлаг на тортата, со својот вибрирачки под и опцијата за 3Д проектор. Земете во предвид дека оваа вила има и своја приватна аркада, мини бар, теретана и градина, а во сето тоа можете да уживате по цена од 30 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП