26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлизнаците Тајлер и Камерон Винклевос кои го тужеа Марк Цукерберг станаа биткоин...

Близнаците Тајлер и Камерон Винклевос кои го тужеа Марк Цукерберг станаа биткоин милијардери

Биткоин се враќа на своите победнички патеки објавувајќи нов рекорд во неделата.

Биткоинот претрпе големи падови на цените минатата недела, но закрепна во текот на викендот. Дигиталната валута достигна ново ниво од 11.826,76 долари во неделата, според податоците на “Markets Insider”, надминувајќи го претходно високо ниво од околу 11.300 долари.

Дигиталната валута во неделата го погоди врвот. Почнувајќи од изутрината, биткоинот се зголеми за 2.79% во однос на доларот до 11.554,83 долари.

Зголемувањето на биткоинот доаѓа во услови на постојан интерес на дигиталната валута и од обичните инвеститори и институции. Минатата недела се појави информација дека Nasdaq може да ја следи ривалската CME група во започнувањето на идни договори за биткоин следната година, знак дека професионалните инвеститори сé повеќе сериозно гледаат на криптовалутата.

Инвеститорите се привлечени од можноста за големи заработки. Телеграф објави во текот на викендот дека близнаците Тајлер и Камерон Винклевос, кои го тужеа Марк Цукерберг, велејќи дека ја украл идејата за Фејсбук од нив, сега се првите милијардери во биткоин во светот.

Поранешните олимпијци Камерон и Тајлер Винклевос во 2013 година откриле дека поседуваат биткоини во висина од 11 милиони долари. Оттогаш метеорискиот раст на криптоповалутата е зголемен за 10.000% оваа година – што им донесе повеќе од една милијарда долари, според Телеграф.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП