19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловната доверба во германската економија на ново рекордно ниво

Деловната доверба во германската економија на ново рекордно ниво

Деловната доверба во германската економија се искачи на ново рекордно ниво бидејќи оптимизмот во врска со иднината на бизнисот во Германија ја неутрализираше донекаде песимистичката проценка на моменталната економска ситуација

Индексот на бизнис-климата, пресметан од германскиот економски институт „Ифо“, во ноември се зголеми на нов рекордно ниво од 117,5 поени од 116,8 поени во октомври, се наведува во соопштението од „Ифо“.

Германската економија е на одличен пат, а најновите податоци укажуваат на економски раст во четвртиот квартал од 0,7 отсто, што ќе го зголеми бруто-домашниот производ за 2,3 отсто во 2017 година.

Индексот на институт „Ифо“ се пресметува врз основа на анкета која вклучува 7.000 компании од областа на производство, градежништво, трговија на големо и мало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП