26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурски ИКТ-компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Турски ИКТ-компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Турски ИКТ-компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија, кое би се извезувало во ЕУ. Интересот следува по учеството на саемот во градот Коџаели, што се одржа на 2 и 3 ноември, во организација на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Во Скопје, пак, денеска доаѓа делегација од Кајсери, Турција, која ќе ги скенира бизнис-климата и можностите за инвестиции и деловна соработка. Делегацијата ја предводи валијата Сулејман Камчи, а во неа, освен претставници на градот, се и бизнисмени од областа на туризмот, кои ја промовираат Кападокија и развиваат зимски туризам.

Во градот се развиени и земјоделството, производството на мебел, дрвната и прехранбената индустрија („Улкер“ е најпознат бренд), градежништвото, транспортот, туризмот (Кападокија, зимски туризам), а економијата се базира главно на странски инвестиции и глобални пазари.

Извозот на мебел од Кајсери надминува една милијарда американски долари годишно. Овој град со 1,2 милион жители има 3.500 фабрики, кои вработуваат 40.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП