27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Биткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Иако вредноста на биткоинот порасна за неверојатни 700 проценти од почетокот на оваа година, поголемиот дел од инвеститорите кои учествуваа оваа недела на самитот на Ројтерс, изјавија дека не ги привлекува да инвестираат во колеблива валута.

Тешкотијата за утврдување на соодветна вредност на шпекулативниот инструмент што постои помалку од една деценија, е една од клучните причини за оддалечување на инвеститорите од биткоинот, се согласија учесниците на Ројтерс глобалниот самит за перспективите за инвестирање во 2018 година.

Други инвеститори тврдат дека крипто-валутата се користи во криминални активности, како што е перење пари, што е уште една причина да се држат подалеку од оваа валута.

– Дали можете ли да живеете без биткоини? Да. Можете ли да живеете без лалиња во Холандија? Да – рече директорот на “Prudential Asset Management” самит Санкаран Нарен во Мумбаи, осврнувајќи се на понудата за лалињата во Холандија во 17 век.

Со идејата дека биткоин пазарот, кој сега е вреден околу 130 милијарди долари, претставува само “балон”, се согласија повеќето од учесниците на Форумот, што се одржа истовремено во Лондон, Мумбаи, Њу Јорк, Сингапур и Токио.

Вредноста на биткоинот се приближи до 8.000 долари во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП