26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денес променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните, во источните и југоисточните делови на земјава.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а попладне ќе го смени правецот во источен и североисточен и повремено ќе се засилува.

Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од од југоисточен правец, попладене ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува. Највисоката температура ќе достигне до 16 степени.

В среда и четврток времето ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд кои на места се очекува да надминат 60 л/м2. Локално, особено на југ ќе има услови за пороен дожд и грмежи. И в петок ќе има врнежи, но со умерен интензитет кои во текот на денот ќе престануваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП