26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕлегантна вила во близина на Милано (фото)

Елегантна вила во близина на Милано (фото)

Легнано е италијански град и заедница со околу 60.000 жители, а се наоѓа во северозападниот дел на провинцијата Милано…

На само 20 километри од центарот на градот Милано, ова место е вистински рај за љубителите на луксузниот и мирен живот. Доколку би сакале да поседувате вила во овој дел од Италија, ова е вистинска можност за вас, бидејќи оваа вила е ставена на продажба.

Оваа вила има површина од 450 квадратни метри и има два влеза, дневна соба со елегантен камин, работна соба, трпезарија, голема и прекрасно опремена кујна и две бањи. На горниот кат постојат три спални соби и две генијално уредени бањи, додека на горниот кат се наоѓа отворен простор со комплетно опремена бања.

Во подрумскиот дел на оваа вила сместена е кујната, домашното кино со камин, теретаната, сауната и затворениот базен со големи прозори кои се отвараат кон градината и гостинскиот дел од куќата.

Паркот, кој има сопствен систем за наводнување и осветлување, зазема простор од 4.000 квадратни метри и поседува прекрасни примероци на флора. Овој имот исто така има и две големи двојни гаражи, како и остава за алати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП