8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес студено со повремен дожд и ветер, на планините снег

Денес студено со повремен дожд и ветер, на планините снег

Времето денес претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во западните и југозападните делови.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено по должина на Повардарието и на исток каде што на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе опадне за околу 8 степени и ќе се движи од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 13 степени.

В недела преку ден ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините. Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП