26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Pioneer го поддржа профитот на UniCredit

Продажбата на Pioneer го поддржа профитот на UniCredit

Италијанскиот кредитор „UniCredit“ објави денеска дека неговиот нето профит во третиот квартал забележа силен раст поддржан од еднократна добивка од продажба на средства, пониски одбивања по заеми и резерви и повисоки приходи од надоместоци и провизии, пренесе „MarketWatch“.

Според прелиминарните резултати на банката, нето добивката за кварталот изнесува 2,82 милијарди евра во споредба со 447 милиони евра за истиот период од минатата година.

Приспособениот профит по даноците, која не ги вклучува еднократни ефекти, како продажба на единицата за управување со средства „Pioneer“, е во износ од 838 милиони евра, рече банката.

Нето одбивањата на „UniCredit“ по заеми и резерви се намалени за речиси 40% до 598 милиони евра, а профитот од такси и провизии се зголемил за 4,2% до 1,59 милијарди евра.

Сепак, нето приходите од камати се намалија за 3,5 отсто на 2,5 милијарди евра.

„UniCredit“ ќе ги објави своите целосни резултати за третиот квартал на 9-ти ноември.

Банката соопшти дека одлучила да претстави некои првични податоци денеска, по „погрешното објавување на податоци кои ги вклучуваат прелиминарни и нецелосните бројки за третиот квартал од 2017-та година“. Ден порано, „UniCredit“ по грешка објави табела на својот сајт во понеделникот, која потоа беше отстранета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП