26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре изложба на графичарката Шќипе Мехмети во Мала станица

Утре изложба на графичарката Шќипе Мехмети во Мала станица

Во рамки на својата годишна програма Националната галерија на Македонија ја презентира изложбата на младата графичарка Шќипе Мехмети, која ќе се одржи на 24 октомври, вторник, во мултимедијалниот центар Мала станица, во 20 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна. Изложбата е насловена „Фрагилност“ и вклучува графики во разновидни графички техники од сува игла, комбинирана техника итн.

Куратор на проектот е Ана Франговска и истиот ќе биде поставен во Мала станица до 2 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП