26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајлуксузниот автомобил во светот ќе добие електрична верзија

Најлуксузниот автомобил во светот ќе добие електрична верзија

Британскиот производител на луксузни автомобили „Rolls-Royce“ со цел да остане дел од светските трендови во индустријата е подготвен да понуди електрично возило, изградено на најновата генерација на моделот „Phntom“. Ова го изјави генералниот директор на компанијата Торстен-Милер Етвос.

Шефот додаде дека најлуксузниот автомобил во светот ќе добие верзија на електрична енергија при менувањето на својата генерација. Новата платформа на која ќе биде изграден следниот „Phntom“ е дизајнирана да овозможи инсталација на електричен мотор и батерии.

Интересно е дека во „Rolls-Royce“ сметаат да пропуштат една фаза – онаа на хибриди и директно да се насочат кон електричните возила. Во британската компанија исто така сметаат дека системите за автономно управување се уште не се соодветни за нивните модели и ќе се насочат кон нив, дури кога тие ќе се докажат како безбедни и сигурни, но и лесни за употреба.

„Сето тоа зависи од напредокот во оваа област. Ние преферираме да почекаме додека системите за автономно движење станат доволно разбирливи за нашите клиенти“, одговори Милер-Етвос на прашање дали „Phantom“ ќе го добие системот за крус-контрол, кој е поставен во последната генерација на „BMW 7“.

Како дополнување топ-менаџерот истакна дека електричните автомобили на „Rolls-Royce“ не се каприц на клиентите, туку задолжителна мерка. Ова се однесува особено за големите градови во Азија, каде властите се подготвуваат да го забранат користењето на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП