26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон треба да плати помеѓу 50 и 60 милијарди евра за Брегзит

Лондон треба да плати помеѓу 50 и 60 милијарди евра за Брегзит

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изјави дека излезот од Европската Унија, Велика Британија ќе ја чини помеѓу 50 милијарди евра и 60 милијарди евра.

„Треба да бидеме реални, но британската влада не е реална. Се споменуваше сума од 20 милијарди, што е бесмислено. Сметката ќе биде помеѓу 50 и 60 милијарди евра, а тоа е реално. Неопходно е да ја ставиме сметката на маса. Сакаме да ги добиеме парите, токму како што рече Тачер (поранешната британска премиерка Маргарет) пред 30 или 40 години“, рече Тајани.

Тој го критикуваше нејасниот став на британските власти во преговорите со Брисел за брегзит.

„Сакаме да знаеме што сака Велика Британија. Во тоа е проблемот. Не е јасно“, рече Тајани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП