26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата во Каталонија ја намали проекцијата за растот

Кризата во Каталонија ја намали проекцијата за растот

Шпанските власти ги намалија проекциите за економскиот раст на Шпанија за 2018 година, наведувајќи ја како причина растечката неизвесност поради политичката криза во Каталонија.

Бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија ќе порасне за 2,3 проценти во наредната година наместо првично проектираните 2,6 проценти, се наведува во соопштението на шпанското Министерство за економија, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Од мај оваа година, главниот индекс на шпанската берза опадна за околу девет проценти поради интензивирањето на кампањата за отцепување на Каталонија од остатокот на Шпанија.

Шпанската економија би требало, трета година по ред, да порасне за 3,0 проценти во 2017 година, откако реформите на премиерот Маријано Рахој помогнаа за извлекување на земјата од најлошата рецесија во нејзината монетарна историја, оценува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП