3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес сончево и многу топло време

Од денес сончево и многу топло време

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Утрото ќе биде посвежо со температури што ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени, а дневната највисока температура ќе биде во пораст и ќе се движи во интервал од 22 до 28 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурите ќе се движат од 5 до 26 степени.

Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец.

В петок попладне и в сабота ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП