27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрви во светот ќе го укинат кешот, имаат и датум

Први во светот ќе го укинат кешот, имаат и датум

Шведска е прва земја во светот по тоа што се повеќе ја исфрла готовината од употреба. Сега имаат и датум – 2023 година Швеѓаните ќе бидат земја без готовина.

– Народот не ја сака готовината, државата им подготвува посебна валута.

За пет години, како што покажува студијата, продавниците веројатно нема ни да сакаат да прифатат готовина во оваа земја.

Студијата ја изработил Кралскиот институт за технологија KHT во соработка со Економскиот факултет во Копенхаген.

Двајца водечки истражувачи тврдат дека Шведска ќе стане првата земја без готовина во светот на 24 март 2023 година.

Сепак постојат и оние кои предупредуваат дека колку и да планираат продавниците да прејдат целосно на безготовинското плаќање, потрошувачите се тие кои се главен двигател на оваа промена.

„Во моментов 97 проценти од трговците прифаќаат готовина, но само 18 проценти од плаќањата се вршат во готовина, така што потрошувачите се движечката сила“, изјави Никлас Арвидсон.

Таму веќе постојат и кампањи на банките и синдикатите кои ги поттикнуваат потрошувачите да се ослободат од готовината.

„Ние сме мала земја која долго време имаше стабилна демократија. За нас не е проблем парите да се видливи само на интернет-страница, веруваме“, објасни еден од заговорниците на новиот систем.

И покрај досегашниот напредок, и понатака постојат оние групи кои се сомневаат. Арвидсон тврди дека станува збор главно за повозрасни луѓе, лица со инвалидитет, мигранти и мали претпријатија.

Иронично, Шведска всушност беше првата европска нација која започнала да печати банкноти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП