26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер: Зошто играме подолго од претходниците? Наградните фондови растат

Федерер: Зошто играме подолго од претходниците? Наградните фондови растат

Роџер Федерер понудил интересен одговор на прашањето зошто во денешно време тенисерите имаат подолги кариери од нивните претходници.

Швајцарецот и во својата 36 година од животот и понатаму е еден од најдобрите во светот, а покрај него во тенискиот свет доминира и Рафел Надал кој исто така е ветеран во овој спорт.

„Наградните фондови растат, можеби тоа не поттикнува да продолжиме да играме. Исто така играчите остануваат здрави бидејќи повеќе вложуваат во масажи, тарапеути…Турниррите и АТП ни овозможуваат подобри услови. Многу полесно се патува, имаме директни летови. Ваквите работи ни овозможуваат да играме подолго“, рекол Федерер.

Швајцарскиот тенисер во моментов се натпреварува на турнирот во Шангај каде за противник во осмина-финалето го има Украинецот Александар Долгополов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП