26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„Hotel de la Cite“ - префинет хотел во Франција (фото)

„Hotel de la Cite“ – префинет хотел во Франција (фото)

Сместен во идиличниот француски град Каркасон, една од најголемите тврдини во Европа, хотелот „De la Cite“ е прекрасно место за оние кои се љубители на луксузот и историјата…

Овој хотел околу себе има аура на средниот век, но секако луксузна аура. Со своите камени ѕидови, дрвени панели и интересни прозорци, тој не потсетува на некоја слика од бајките.

Се состои од 42 соби и 19 апартмани, од кои сите се уникатни. Во нив преовладува единствена доза на луксуз, префинети детали и комфор.

Покрај фантастичниот поглед на реката Ауди, долината Лорагајс и лозјата Минерва, друга атракција која треба да се спомене за овој хотел е и феноменалниот и надграден „La Barbacane“ ресторан, каде гостите можат да уживаат во уникатните кулинарски креации и најдобрите домашни вина.

„Hotel de la Cite“ е сјајна локација за почеток на истражувањето на прекрасните подрачја околу Каркасон, без оглед дали сакате замоци, историски знаменитости, сликовити лозја или реки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП