7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија со овој потег ќе ја нокаутира Каталонија

Шпанија со овој потег ќе ја нокаутира Каталонија

Шпанската влада ќе донесе денес декрет со кој ќе им олесни на компаниите да ја префрлат својата правна основа и регистрација навор од Каталонија, тврдат неименувани извори.

Тоа, како што пренесува Ројтерс, би можело да му зададе сериозен удар на финансискиот сектор на Каталонија која сака независност.

Добро упатениот извор наведува дека новиот декрет е по мерка на „Chase Bank“, бидејќи би и овозможил измена на правните и даночните одредби без состанок на акционерите, како што предвидува нејзниот статут.

Петтата најголема шпанска банка „Sabadell Bank“ одлучи денес да ја префрли својата база, така што ќе се регистрира во источниот град Аликанте, но седиштето во вистинска смисла ќе и остане во Барселона, јавува шпанската приватна агенција ЕП, пренесува агенцијата АП.

Каталонскиот кредитор, вториот по големина во тој северен регион, свика состанок на управата по падот на неговиоте акции поради интензивирањето на политичката криза меѓу Каталонија и Мадрид.

Каталонската регионална влада соопшти дека би можела да прогласи независност веќе во понеделник, тврдејќи дека гласачите го поддржале таквиот потег на референдумот кој Мадрид го прогласи за нелегален.

Политичкиот ќорсокак ја влече Шпанија во најлошата политичка криза која не е забележана со децении.

Каталонија сочинува петтина од шпанската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП