26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИталијански стил во срцето на Калифорнија (фото)

Италијански стил во срцето на Калифорнија (фото)

Инспирирана од убавината на Италија, Тоскани Оукс Фарм е прекрасен имот сместен во Калифорнија, кој во себе го спојува луксузот на Медитеранот со најзаводливите погодности…

Сместено над морето на простор од 20 ари, овој прекрасен имот нуди можност за уживање во врвниот панорамски поглед, деветте спални соби, рачно изработените детали, врвните финиши, како и мебелот кој е направен по мерка и увезен од Франција, Италија и бројни други европски држави.

Уредените градини, прекрасниот базен, како и севкупното чувство за стил и елеганција го креираат идеалниот амбиент кој ќе го почувствувате после првиот чекор. На влезот во главната вила на овој имот ве очекува голема галерија која веднаш ќе ве остави без текст. Оваа елегантна резиденција го комбинира раскошот и пространоста со чиста убавина, со секој материјал, аксесоар и внимателно одбрани детали.

Тоскани Оукс имотот гарантира интимност и простор за забава, давајќи им на своите сопственици и новните гости, можност да уживаат во погледот од планината Санта Инез до островот Чанел, односно од Санта Барбара до пристаништето Хуаниме. Овде, исто така, се наоѓа и ергела со 18 штандови, која содржи канцеларија, соба со седлата и останатите аксесоари , како и двособен стан за менаџерот на ранчот.

Цената на овој имот изнесува 26.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП