27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците со просечна месечна заработувачка од 4.080 евра

Германците со просечна месечна заработувачка од 4.080 евра

Просечната месечна заработувачка во Германија минатата година изнесувала 4.080 евра. На годишно ниво тоа е бруто-плата од 48.900 илјади евра.

Значајна е разликата во заработувачката помеѓу мажите и жените – мажите минатата година примале месечна бруто-плата од 43.200, додека кај жените просечната бруто-плата изнесувала 35.300 евра.

Примањата значително се разликуваат и во сојузните покраини. Најголеми се платите во Хасен, Баерн, Баден-Вуремберг, покраини во кои се сместени главните стопански и финансиски центри.

Иако просечните бруто-плати во минатата година на западот од земјата изнесувале 41.400, на истокот тие биле 31.500 евра.

Трошоците за живот се значително пониски во градовите на истокот, како што се Лајпциг, Дрезден, отколку во западните градови Минхен, Франкфурт или Хамбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП