19 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов кабел за брз пренос на податоци е воспоставен помеѓу САД и...

Нов кабел за брз пренос на податоци е воспоставен помеѓу САД и Европа

Американски конгресмени и индустриски лидери го означија завршувањето на новиот кабел за брз пренос на податоци низ Атлантскиот Океан.

Претставниците на „Microsoft“ и „Facebook“ се приклучија на гувернерот на Вирџинија и на сенаторите за да го прослават завршувањето на проектот.

Кабелот од 4.000 милји (близу 6.500 километри) започнува од Билбао, Шпанија, до Вирџинија Бич во САД.

Тој може да пренесува податоци со брзина од 160 терабајти во секунда, што е 16 милиони пати побрзо од просечната интернет конекција во домовите. Ова значи дека повеќе од 71 милиони слики со висока дефиниција може да се пренесуваат истовремено.

Кабелот се нарекува „Мареа“, што на на шпански значи „плима“.

Проектот е заедничко вложување помеѓу „Microsoft“, „Facebook“ и глобалната телекомуникациска компанија „Telxius“.

Овој проект треба да помогне во задоволувањето на глобалната побарувачка за Интернет инфраструктура ширум светот и да ја зголеми сигурноста на мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП