3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Синохидро“ доби пулс една ипол година за доизградба на делниците Миладиновци-Штип и...

„Синохидро“ доби пулс една ипол година за доизградба на делниците Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

Со анекс кон договорот за изградба на патната делница Миладиновци-Штип преточен во закон, власта ќе побара од Кинезите од „Синохидро корпорејшн лимитед“ дополнителни 517 дена за доизградба на патната делница. Истиот период се однесува и на делницата Кичево-Охрид.

Причината е зголемувањето на количините и обемот на работа и потребата од дополнителни работи кои не се дел од договорот, како дислокација на 24 далноводи на „ЕВН Македонија“, разместување цевководи, дислокација на кабли на „Телеком“ и на водоводната мрежа. Дополнително, треба да се постават плочести пропусти за обезбедување премин на луѓе, нов мост на реката Пчиња, осветление на седум клучки, поставување оптичка мрежа, нивелација и др.

Во согласност со новиот рок за завршување на работите, Kинезите имаат обврска да ги продолжи сите банкарски гаранции и осигурувања поврзани со овој рок за 30 дена од датумот на потпишувањето на овој анекс.

Потребата од донесување на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Охрид по итна постапка, според власта, е за спречување и отстранување поголеми нарушувања во стопанството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП