3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска ќе биде сончево со натпросечни дневни температури

Времето денеска ќе биде сончево со натпросечни дневни температури

Денес нè очекува сончево и топло време со натпросечни дневни температури. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната вредност на УВ-индексот ќе изнесува 6. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната од 28 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 33 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, така што дневните температури насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а в среда ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе придонесе за позначителен пад на температурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП