3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес претежно сончево и топло

Денес претежно сончево и топло

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот, информира УХМР.

Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта како и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има на повеќе места нестабилност со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер.

Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, а во вторник и среда и малку посвежо време. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП