8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку ќе ги чини осигурителните компании штетата од ураганите Ирма и Хосе

Колку ќе ги чини осигурителните компании штетата од ураганите Ирма и Хосе

Според директорката на специјализираниот осигурителниот пазар „Lloyd’s of London“, Инга Бијл, загубите за осигурителните компании од ураганите Ирма и Хосе, кои беснеат во регионот на Карибите и Северна Америка може да достигнат 200 милијарди долари, објави „Сандеј тајмс”.

„Прво беше Харви, кој се покажа како необичен тип бура, која предизвика големи поплави. Потоа се соочивме со ураганот Ирма, кој, како што претходно објавивме, може да чини 131 милијарда долари. Потоа ако го додадеме ураганот Хосе и ако се случи уште нешто, загубите можат да достигнат 200 милијарди долари“, рече Бијл.

Ураганот Ирма, кој преку Карипските Острови, преку Куба, стигна на Флорида, е најголемиот ураган во историјата кој се формирал над Атлантикот.

На Карибите загинаа 24 лица, а на Флорида досега се регистрирани три жртви.

Од Флорида, се прогнозира дека ураганот Ирма ќе продолжи кон Џорџија и Јужна Каролина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП