26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНема повеќе доцнење на претстава!

Нема повеќе доцнење на претстава!

Новиот директор на МНТ, Драган Спасов – Дац, вчера преку својот профил на „Фејсбук“ напиша дека со почетокот на новата театарска сезона во Македонскиот народен театар, заради непречено следење на претставите, вратите за публиката ќе се затвораат во 19.55 часот.

„Во 20 часот почнува претставата! Ако некој не е во можност да присуствува на претставата за која зел билети, ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата и да му бидат вратени парите. Во спротивно, на гледачите што задоцниле нема да им бидат вратени парите и тие нема да може да влезат во театарот. Ова ќе важи за сите граѓани на светот“, напиша директорот Спасов.

Реакцијата следува по инцидентот меѓу актерот Сашко Коцев и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, поради доцнењето на претседателот на Собраниeто, Талат Џафери, на претставата „Ничија земја“ на затворањето на годинешното „Охридско лето“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП