27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата австралиска банка обвинета за финансирање на тероризам и перење пари

Најголемата австралиска банка обвинета за финансирање на тероризам и перење пари

Commonwealth bank Australia објави дека нејзиниот генерален менаџер ќе се пензионира до јуни 2018 година, по скандалот.

Објавена е веста дека најголемата банка во земјата е обвинета за кршење на законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, јавува АП.

Претседателката Кетрин Ливингстон рече дека главниот извршен директор Иан Нарев ќе се пензионира до 30 јуни 2018 година, кога завршува тековната фискална година за банката. Точниот датум на неговото пензионирање ќе зависи од наоѓање на лице кое ќе го замени на таа позиција.

Одборот на директори одлучи детално да известува за процесот на промена на шефот на банката “за да обезбеди целосно покривање на пазарите и да обезбеди сигурност на бизнисите”, се вели во соопштението Ливингстон.

Австралискиот центар за известување и анализа на трансакциите, владината агенција за борба против перење пари и финансирање на тероризам, познат како Austrac, овој месец започна граѓанска постапка пред Федералниот суд, обвинувајќи ја банката дека од 2012-2015 не пријавила повеќе од 53.000 сомнителни трансакции во вкупна вредност од 77 милиони австралиски долари (61 милиони американски долари).

Банката ја припиша грешката на своите “неуспеси” на софтверот на своите банкомати.

Нарев минатата недела ги призна тврдењата на Austrac дека банката направила грешки. Commonwealth bank Australia се уште не ја изнесе својата одбрана во овој случај. Нарев е генерален директор на Банката од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП