26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAldi ја засилува конкуренцијата со Amazon во испораката на прехранбени производи

Aldi ја засилува конкуренцијата со Amazon во испораката на прехранбени производи

Германскиот синџир супермаркети „Aldi“ стапува уште посериозно во борбата за удел во американскиот пазар на прехранбени производи со нова услуга за експресна испорака, објави „CNNMoney“.

„Aldi“, која веќе успеа да отвори 1.700 продавници во САД, изјави дека се здружил со „Instacart“ од Сан Франциско за испорака на храна во Лос Анџелес, Атланта и Далас. Тој ветува дека ќе ги извршува онлајн нарачките до еден час. Во изјавата од понеделникот „Aldi“ објасни дека може да се прошири услугата во иднина.

Пилот програма е најновиот потег на „Aldi“ во нејзиниот обид да се прошири во САД. Компанијата е 11-тата по големина ланец супермаркети во САД, од гледна точка на продажба, се наведува од консултантската компанија „Euromonitor“.

Германската компанија изјави во јуни дека ќе инвестира милијарди долари во отворањето на околу 500 нови продавници во САД во следните пет години. Целта е да стане трет по големина синџир во земјата.

„Aldi“ кој продава голем број на домашни брендови во речиси 20 земји во целиот свет, е водечки синџир кој нуди сериозни отстапки во САД, покажува „Euromonitor“.

„Amazon“ си има свои амбициозни планови да се прошири на пазарот за намирници, кој е во вредност од 1 илјада милијарди долари.

Во јуни компанијата го објави купувањето на „Whole Foods“ за 13,7 милијарди долари. „Whole Foods“ е осмиот по големина синџир на продавници во САД по продажбата, посочува „Euromonitor“.

„Amazon“ веќе има своја услуга за снабдување – „AmazonFresh“, и експериментира со модел тип „кликни и земи“, при што клиентите ги купуваат производите онлајн и потоа само си ги земаат од продавницата.

Синџирите за намирници во САД експериментираат повеќе со услуги за испорака, бидејќи клиентите се чувствуваат се поудобно со онлајн нарачки на храна.

„Прехранбените производи се последните категории кои се придвижија онлајн, но конкуренцијата е присутна на овој пазар“, вели Мишел Грант, шеф на одделот за трговија на мало во „Euromonitor International“.

Според Грант онлајн продажбата на храна и пијалаци ќе се зголеми за околу 60% во САД во следните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП