26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои држави ги забрануваат автомобилите со бензински и дизел мотори?

Кои држави ги забрануваат автомобилите со бензински и дизел мотори?

Во последно време автомобилите со мотор со внатрешно согорување како да се под опсада – постојано се слушаат гласови како ќе биде забранета нивната продажба во цели држави, а одделни градови планираат да не ги дозволуваат на својата територија. Овие забрани веќе се претвораат во значаен фактор при купувањето на автомобил, затоа сега сумираме кои земји и градови се погодени досега.

Дали знаете кои држави ќе забрануваат бензинот и дизелот?

Неодамна францускиот министер за eкологија Никола Хуло објави дека од 2040-та година во земјата се забранува продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори во Франција. Овие автомобили нема да исчезнат веднаш, нивните сопственици ќе ги користат додека даноците не станат премногу високи, по што ќе ги дадат за рециклирање или ќе ги продадат некаде во Источна Европа.

Кои други земји сепак влегуваат во листата на земји кои планираат забрана на продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување? Во позадина на медиумската врева ќе се зачудите колку е кратка оваа листа, но вистината е дека таа има огромен потенцијал да расте, и тоа многу брзо.

Во Велика Британија подготвуваат забрана, идентична со онаа во Франција – од 2040-та година на пазарот на Островот да се продаваат само нови автомобили кои емитуваат нулта емисија.

На чело сепак во походот против загадувањето на природата од возила е Норвешка. Државата, позната по високиот стандард на живот и нетрпеливоста на жителите кон корупцијата, планира да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори уште во 2025-та година.

Не заборавајте дека Норвешка поседува големо нафтено поле, главно под вода, но веќе 24% од автомобилите во земјата се електрични. Засега во клубот влегуваат само развиени земји.

Следните дополнувања само ќе го потврдат тоа – Холандија планира таква забрана од 2025-та година. Истата мерка, но од 2030-та година се дискутира и во Германија, засега сепак идејата наиде на многу силен отпор, како главен аргумент е дека огромната дел од струјата таму се произведува од јаглен, т.е повторно е загадување на природата. Но пак германските автомобилски компании веќе цврсто презедоа курс кон електрификација, па и забраната таму е прашање на време.

Единственото изненадување во оваа листа е Индија. Планот тука е повеќе од екстремен – индиските власти планираат до 2030-та година автомобилите со бензински и дизел мотори да исчезнат целосно од локалните патишта. Многу аналитичари сметаат дека тоа нема да се случи, едноставно затоа индиската економија не може да си дозволи толку голема промена.

Според „ING Bank“ во 2035-та година електричните возила ќе држат 100 проценти од пазарот на нови автомобили во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП