26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW дава до 10.000 евра за стар дизел автомобил

VW дава до 10.000 евра за стар дизел автомобил

Концернот „Volkswagen AG“ објави старт на програма „trade-in“ за стари автомобили со дизел мотори кои ги задоволуваат стандардите од „Евро-1“ до „Евро-4“. Нивните сопственици ќе добијат попуст до 10.000 евра, ако купат ново возило. Во програмата се вклучени и марките „Porsche“ и „Audi“.

„Porsche“ и „Audi“ даваат бонус до 10.000 евра за замена на стар дизел модел со нов

Во соопштението на германскиот производител се вели дека дополнителен попуст до 2.380 евра ќе добијат клиентите кои се купат електромобил, хибрид или автомобил кој работи на природен гас.

Така, на пример, при купувањето на нов „Up!“ попустот од страна на „Volkswagen“ ќе биде 2.000 евра, а за големиот теренец „Touareg“ – до 10.000 евра. Кај автомобилите од марката „Audi“ бонусите се движат од 3000 до 10.000 евра, додека кај „Porsche“ програмата важи само за „Cayenne“ и „Panamera“, а износот е 5.000 евра.

Од концернот не сакаа да коментираат колку ќе ги чини новата програма. Како што е познато, „Volkswagen AG“ ќе треба да поправи голем број постари дизел автомобили, за да може тие да одговараат на еколошките стандарди. На автомобилите ќе биде сменет софтверот на моторот, а во акцијата ќе се вклучат уште „Daimler“, „BMW“ и „Opel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП