26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche подготвува нов 911 Speedster?

Porsche подготвува нов 911 Speedster?

Германскиот производител на саемот во Франкфурт ќе претстави уште една специјална верзија на моделот „911“, кој ќе ја има ознаката „Speedster“, пишува „Car Magazine“.

Името кое „Porsche“ го користеше повеќе пати во својата историја, прв пат е употребено во 1950-тите, за моделот „356“.

Последен пат кога некој модел на оваа комапнија ја имал ознаката „Speedster“ е 2011-та година, кога беше понудена специјална ограничена серија на генерацијата „997 Porsche“. Бројот на произведени автомобили тогаш беше лимитиран на 356, во знак на сеќавање на огриналниот „Speedster“.

Новиот „Speedster“ би требало да биде основан на моделот „Porsche 911 GTS Cabriolet“, со мала промена на каросеријата и веројатно лимитирано производство со што би се задржала ексклузивноста на претходникот.

Се очекува моќта да ја добие од шестцилиндарскиот 3.0-литарски би-турбо мотор со 450 коњски сили и 550 Nm максимален вртежен момент. Кога станува збор за перформансите, новиот „Ѕpeedster“ од место до „стотка“ ќе забрзува за околу 3,8 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува околу 310 km/h.

Цената би требало да биде малку поголема од споменатиот „GTS Cabriolet“, кој во Германија би чинел од 138.850 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП