26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСекој ден на „Ватсап“ комуницираат милијарда луѓе

Секој ден на „Ватсап“ комуницираат милијарда луѓе

Според најновите мерења на активноста на социјалните мрежи, „Ватсап“ и „Месинџер“ (кои се во сопственост на „Фејбук“) веќе имаат над милијарда активни корисници и се далеку од најкористените апликации за испраќање пораки во светот.

Сега „Ватсап“ надмина уште една граница, од 26 мај оваа апликација има дури милијарда активни корисници секој ден.

Во еден ден повеќе од една милијарда корисници испраќаат 55 милијарди пораки, 4,5 милијарди слики и една милијарда видеозаписи. Според месечната статистика, „Ватсап“ моментно има речиси 1,3 милијарда корисници кои апликацијата ја користат најмалку еднаш месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП