26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостарото население во Европа ќе ги ограничи активностите на ЕЦБ

Постарото население во Европа ќе ги ограничи активностите на ЕЦБ

Се поголемиот број на постаро население во Европа ќе ги ограничи политиките на Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа е запишано во анализа на централната банка на еврозоната, цитирана од агенциите.

Очекувањата на Банката се дека зголемувањето на уделот на луѓето кои не работат, ќе го ограничат економскиот раст и инвестициите. Тоа ќе им наложи на владите да го поттикнуваат задоцнето пензионирање и иновациите.

За ЕЦБ тоа значи притисок врз каматата што потенцијално ќе ја ограничи способноста за прилагодување на монетарната политика.

Со рекордно ниските нивоа на каматите, поддржани од централната банка, владите од заедницата најдоа голем број нетрадиционални методи за стимулирање на растот и инфлацијата, но од друга страна стареењето на населението, развојот на технологијата и глобализацијата природно го ограничуваат растот на платите, инфлацијата и на крајот – и каматните стапки на централната банка.

„Кај основното сценарио реалните краткорочни каматни стапки во еврозоната ќе останат на негативно ниво до 2019-та година и во близина на нула во периодот 2020 – 2025 година, односно во близина на средните нивоа помеѓу 2007-ма година и 2015-та година“, пишува во извештајот.

Земајќи го како основа развојот на Европската комисија во темата, од ЕЦБ наведуваат дека при се постарото население растот на инвестициите и на бруто домашниот производ ќе бидат под 1% годишно.

Ројтерс потсетува дека прогнозата на ЕК покажува бавно зголемување на населението на заедницата во наредните 50 години, но и брзо намалување на работоспособното население, бидејќи должината на животот се продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП