26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотска постави нов светски рекорд во производство на енергија од обновливи извори

Шкотска постави нов светски рекорд во производство на енергија од обновливи извори

Шкотите во првите шест месеци на 2017 година произведоа енергија од обновливи извори што ќе биде доволно за снабдување со електрична енергија на целата нација во Шкотска за цели шест дена.

Ова е најсеверната држава на Обединетото Кралство која е најблиску до остварување на својата цел, создавање на “зелена Европа”.

Енергијата на ветерот им помогна на Шкотите да постават нов рекорд во производството на обновлива енергија. Според анализата на британската компанија “Weather Energy”, ветерници во јуни во Шкотска произвеле повеќе од еден милион мегавати.

Во текот на изминатите шест месеци ветерници произвеле близу 6,6 милиони мегавати електрична енергија, што е доволно за снабдување на речиси три милиони домаќинства во Шкотска. Инаку, Шкотите за шест месеци потрошиле 11,6 милиони мегавати електрична енергија, вклучувајќи ја вкупната домашна потрошувачка, на работа и во индустријата. Според овие податоци, ветерници покриле 57 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Шкотска.

“Шкотска продолжува да руши рекорди во производство на обновлива енергија, привлекување на инвестиции, создавање работни места и позитивен развој на настаните, кога станува збор за климатските промени”, вели Сем Гарднер, в.д. директор на Светскиот фонд за заштита на природата.

Според договорот од Париз за климатските промени, целта на Владата на Шкотска до 2020 година е да достигне сто отсто производство на енергија од обновливи извори.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП