26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го задржа кредитниот рејтинг на Турција на ниво BB+

Fitch го задржа кредитниот рејтинг на Турција на ниво BB+

Меѓународната агенција „Fitch“ го потврди кредитниот рејтинг на Турција на ниво BB + со стабилни изгледи.

Кредитниот рејтинг на оваа земја претставува баланс помеѓу „високата надворешна финансиска ранливост“ и „долгорочната посветеност за фискалната стабилност и погледите за стабилен раст“, се вели во соопштението од страна на „Fitch“.

Додека показателите на Турција како целина ги надминуваат оние на слични земји, тогаш нејзиниот буџетски дефицит од своја страна е поголем.

Турција е голема и разновидна економија со активен приватен сектор, посочуваат уште од „Fitch“ и дополнуваат дека Турција забележа раст од 5% во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период од 2016-та година.

Според прогнозите на агенцијата за рејтинг, просечниот економски раст на Турција во периодот 2017-2019 година ќе биде 4,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП